Ракометниот пар Дејан и Ивона Гошевски направија свадба за паметење пред неколку дена и ја крунисаа својата љубов со брак.
Двојката ги собра пријателите и роднините во еден скопски ресторан, а за забавата се погрижи Влатко Миладиноски.
Тој за спомен од младоженците доби ракометен дрес, а на свадбата беа присутни многу ракометари и ракометарки.
Дејан Гошевски игра на десната бековска позиција за тимот на Аполда од Германија, а претходно беше дел од Метковиќ, Голден Арт, Тиквеш, Охрид, Металург…
Ивона Гошевски, претходно Трпевска беше меѓу најдобрите стрелци во дресот на Вардар во Супер женската лига, а играше и за хрватската Далматинка.
Сега и таа настапува во Германија, во женскиот тим на Аполда.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________






































