До лани беше дел од Охрид, а сега се пресели во еден од најдобрите грчки клубови

Грчкиот вицешампион АЕК Атина продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на клубот е јапонскиот репрезентативец Хироки Мацуока.

Раководството на клубот официјално го потврди ангажманот на 28-годишниот бек, кој ќе биде дел од амбициозниот проект на грчкиот клуб, а кој до лани беше дел од составот на Охрид. Претходно има настапувано за чешкиот Брно.

Мацуока доаѓа во АЕК со богато меѓународно искуство и статус на стандарден репрезентативец на Јапонија. Со својата брзина, техничка поткованост и разновидност во нападот се очекува да внесе дополнителен квалитет во бековската линија на грчкиот тим.

По потпишувањето на договорот, Мацуока не го криеше задоволството што ќе ја продолжи кариерата во еден од најголемите клубови во грчкиот ракомет.

„Голема чест е што станувам дел од АЕК. Знам колку е голем клубот и колку страствени се навивачите. Ќе дадам сè од себе за да му помогнам на тимот да ги оствари своите цели и да ги израдува нашите навивачи“, порача јапонскиот ракометар.

Со ангажманот на Хироки Мацуока, АЕК продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, во која клубот има високи амбиции на домашната сцена.

Суспензијата по финалето со „сино-белите“ од Автокоманда е на сила и претстојната сезона, па АЕК нема да биде дел од европските купови.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________