Николов и Начевски „главни“ на големото пиринејско дерби!

Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во главната рунда во Осло и Загреб.

Најдобрата двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски добија нова задача и по трите средби во Хернинг, ќе судат во Осло.

Македонските арбитри ќе го судат пиринејското големо дерби меѓу Шпанија и Португалија во „Унити Арена“.

Натпреварот меѓу Шпанија и Португалија се игра вечерва со почеток во 15:30 часот, а во оваа група ќе играат уште Шведска против Бразил, како и Норвешка против Чиле.