Тимот на Јехона славеше на незгодното гостување во Штип кај тимот на Текстилец со 32-27 во натпревар од 4 коло во Првата лига.
Дамјан Наумовски беше клучниот ракометар во гостинската екипа и со 13 голови го водеше неговиот тим до три бода.
Штипјани парираа во првиот дел, водеа и со 11-9, но потоа гостите направија пресврт и до крајот на полувремето стигнаа до плус три, 15-12.
Во второто полувреме Текстилец се врати на минус еден, 18-17, но повторно влезе во серија грешки и Јехона зголеми на плус четири и рутински го доврши натпреварот.
Покрај Наумовски, кај гостите Салиу даде седум, а Живкоски пет погодоци, додека кај Текстилец се истакна Јорданов со седум гола.