Европската ракометна федерација ги потврди термините за натпреварите на Европското првенство што ќе се игра во Романија, Словачка, Турција, Полска и Чешка.
Женската репрезентација на Македонија е во група со домаќинот Романија, европскиот и светскиот првак Норвешка и Швајцарија.
Натпреварите ќе се играат во „БТ Арена“ во Клуж Напока, на 4, 6 и 8 декември, а ЕХФ по координацијата со ТВ партнерите и домаќините, ги потврди саатниците за натпреварите.
Македонија отвора против Швајцарија на 4 декември од 17:30 часот, потоа следува пресметката со Романија во истиот термин на 6 декември, а на 8 декември е дуелот со Норвешка од 20:00 часот.
























