Машката кадетска репрезентација имаше победнички старт на Светското првенство во училишен ракомет што денеска започна во Скопје.
Избраниците на Горан Кузманоски славеа против селекцијата на Бугарија со убедливи 15 голови разлика, 33-18.
По првото полувреме македонските кадети имаа водство со 11-9, а во вториот дел комплетно доминираа на теренот.
Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Лука Јовиќ со шест гола, а по пет постигнаа Трајче Костов и Стефан Ѓеорѓиевски.
Нареден предизвик за македонските кадети ќе биде мечот против Грузија што се игра утре од 08:30 часот во салата „Македонско сонце“.
























