Шампионот Еурофарм Пелистер се раздели со тренерот Алушовски

Тоа што беше познато од пред неколку дена, денеска ја доби својата потврда од страна на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Битолчани и тренерот Стевче Алушовски ја прекинаа соработката, а до крајот на сезоната во преостанатите пет средби клубот ќе го води асистентот Алексо Лембанов.

Алушовски требаше да остане најмалку до крајот на сезоната, но по поразот во Купот на Македонија, двете страни решија да се разделат.

За битолчани завршија обврските во Европа, како и во Купот на Македонија, а во првенството останува битката за второто место, бидејќи Вардар има голема предност на лидерското место.