Женската кадетска репрезентација на Македонија имаше победнички старт на Светското првенство во училишен ракомет што се игра во Скопје.
Избраничките на Даниела Новеска беа убедливи во првиот натпревар и славеа против Белгија со 34-12.
Победникот беше најавен уште по првото полувреме кога македонските кадетки водеа со 11 голови разлика, 17-6, па вториот дел беше само формално одработување на задачата.
Наjдобри стрелци во македонскиот тим беа Трифуновска со пет гола, како и сестрите Лашкоски, Мифтари и Героска кои дадоа по четири погодоци.
Следен предизвик за нашите млади ракометарки следува утре од 10:30 часот, а тоа ќе биде мечот со Грузија во салата „Крсте Мисирков“ во Гази Баба.
























