По пет сезони минати во Бундес лигата и настапи за Магдебург, Хановер и Вецлар, македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски реши да ја прифати понудата на Еурофарм Пелистер и да се врати во Битола. Овој трансфер е „трансфер на годината“....
Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, во продолжение од сезоната ќе биде дел од актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.
Левиот бек ќе биде големо засилување за тимот на Бранко Ангеловски, пред се во битките за трофеите на домашната сцена.
27-годишниот ракометар наскоро ќе му се стави на располагање на битолскиот тим и неговото деби се очекува деновите во Суперлигата и Лигата на шампионите.
Официјалното претставување на Кузмановски како нов ракометар на Еурофарм Пелистер е закажано за 20 ноември.
Кузмановски потекнува од Пелистер, беше дел долго време од Металург, а потоа играше кратко во Еурофарм Работник, пред преселбата во Германија, каде играше за Магдебург, Хановер и Вецлар.