Деспина не виде мака со Шампион

Тимот на Деспина славеше против Шампион со убедливи 20 погодоци разлика, 31-11, во натпреварот од 22 коло во прволигашката конкуренција.

Прилепчанки немаа никакви проблеми против последнопласираната екипа во оваа конкуренција и уште по првото полувреме го најавија победникот.

Избраничките на Зоран Спиркоски водеа со 19-5, а вториот дел беше само формално одработување на задачата.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Јованоска со осум и Ристеска со шест гола, а Трајанова стрелаше три пати за Шампион.

 

▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.