Тимот на Аеродром оствари убедлива победа против составот на Овче Поле со 38-24 во натпреварот од 23 коло во прволигашката конкуренција.
Избраниците на Митко Стоилов поведоа со 9-1 на стартот и уште тогаш беше јасно дека бодовите остануваат дома.
На паузата Аеродром водеше со 17-11, а второто полувреме мина во комплетна доминација на домашните.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Бојан Божиновски и Никола Иванов со по шест погодоци, додека кај Овче Поле се истакна Стојанче Ристов со седум гола.
▶▶▶ Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
























