Моќно издание на Поповски против Винтертур

Амичитија Цирих и Мартин Поповски во натпревар од 21. коло од швајцарскиот шампионат славеа над Винтертур со 33:32 (17:17).

Македонецот повторно беше ефикасен на теренот и натпреварот го заврши со девет погодоци од 12 обиди.

За клубот на Поповски ова беше 11-ти триумф во новата натпреварувачка сезона и со денешната победа остана на 4. позиција на табелата.

Поповски и колегите во следното, 22. коло ќе гостуваат кај незгодниот Луцерн, кој моментално е второпласиран.