Покрај женската сениорска репрезентација, изминатава ЕХФ недела, свој собир имаше и младинската репрезентација.
Селекторот Дарко Јанев сметаше на сите повикани ракометарки, освен на повредената Адела Еленин од Куманово, а имаше дополнителен повик за две ракометарки.
Станува збор за голманката на Вардар, Вероника Ѓорѓиевска и десното крило од Спартак, Михаела Ангеловска.
Тие работеа заедно со другите 19 девојки во СЦ „Борис Трајковски“, каде што беа одработени мини подготовки за претстојното Светско првенство.
Мундијалот ќе се игра во Скопје од 19 до 30 јуни, списокот на сите 32 учесници е веќе познат, а ждрепката ќе се одржи следната недела.
Комплетиран списокот – еве кои репрезентации ќе играат на младинското СП во Македонија