🎥 Хаос на меч од Прва лига: Судијата се качи на трибина, полицијата изнесе гледач од салата!

Натпреварот меѓу Шампион и Текстилец во четвртото коло од машката Прва лига, кој заврши со победа на гостите со 35-32, го одбележаа и тензични сцени во салата „Антон Димитров“. Црвен картон, навреди кон судија од страна на гледачи, прекин и полициска интервенција беа дел од случувањата во второто полувреме.

Видео снимката од мечот потврдува голем дел од случувањата, додека за целиот случај сигурно полни раце ќе имаат и Дисциплинската комисија, но и полицијата. Таа изнесе од сала еден гледач, кој претходно „се фалеше“ со некаква значка која наликуваше на некаква институција или орган, а судијата го посочи истиот гледач кај полицијата која дојде во салата.

Ракометарот на Текстилец, Лазар Стојанов, доби црвен картон во 41 минута. По исклучувањето се пресели на трибините, а од дел од гостинските навивачи следувале навреди кон судијата Александар Вукашиновски. Многу од навредите се слушаат и на преносот од мечот.

Откако се смирија страстите, мечот продолжи, заедно со навредите од трибините, и во еден момент судијата Вукашиновски се качува на трибината кај публиката токму во делот од каде доаѓаат навредите, по што тензиите дополнително се зголемија. Натпреварот беше прекинат околу 10-15 минути, а во разрешувањето на ситуацијата се вклучила и полицијата. Таа дополнително пристигна во салата, по што почна „расчистувањето на ситуацијата“

Судијата посочил еден од гледачите на полициските службеници. И додека полицијата разговара со судијата, на видеоснимките се гледа како тој гледач се приближува и ѝ покажува на полицијата предмет налик на значка, заедно со картичка. Ознаките не се доволно читливи на видеото за да се утврди за каква легитимација станува збор или да се потврди дали лицето е некаков службеник. Но, секако постои легитимирање од негова страна.

* Погледнете ја снимката – се почнува во 40:15 минута од мечот!

Мечот потоа продолжил, а полициските службеници го изнесоа гледачот од салата. На еден од кадрите се гледа неговото спроведување по скалите на трибината, додека играта веќе продолжува на теренот.

Посебно внимание заслужува и начинот на кој се снимени сите случувањата. Во достапните видеоснимки не се гледа убаво моментот кога судијата се качува на трибината и каде се упатува. Ги нема ниту делот кога судите се на еден дел од теренот, а топката и дел од играчите на друг, но важно е што е случува кај судиите. Бидејќи јасно се слушаат навреди од трибините. Во дел од клучните моменти камерата останува насочена кон една половина од теренот, оставајќи ги другите случувања надвор од кадар.

Полициската интервенција е забележана, но недостига целосна видеослика за тоа како се развивал инцидентот. Според Пропозициите на РФМ, за не снимање на клучни моменти, казната е 100.000 денари. Таква казна му се заканува и на Шампион, исто како и на Прилеп кој ден претходно ги немаше снимено последните осум последни секунди од мечот против Струга.

▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲 Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet .
Со еден клик до сите вести.

Седум секунди без снимка – ќе го чинат ли Прилеп 100.000 денари?