Исланд доаѓа на пријателски турнир во Македонија

Женската младинска репрезентација на Македонија ја очекува настап на Светското првенство што ќе се одржува во Скопје.

Подготовките за овој голем настан ќе започнат веднаш по завршувањето на сезоната во Женската лига, а ќе бидат одиграни и три пријателски натпревари пред стартот на Мундијалот.

Од 14 до 16 јуни ќе се одигра турнир во Скопје, каде покрај нашата репрезентација, ќе учествуваат и Исланд и плус уште две селекции.

Мундијалот стартува на 19 јуни, ќе се игра до 30 јуни, а Македонија како домаќин ќе ја има шансата да ја избере групата во која ќе настапува.

Нов селектор на младинките е Дарко Јанев, кој доаѓа на местото на Јулијана Дамчевска, на која и беше асистент на настапот на младинското ЕП лани во Романија.