11 Тимови се пласираа во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, каде што веќе е тимот на Чаир, кој ќе остане единствен македонски претставник, по елиминацијата на Вардар во двомечот со италијанскиот Бриксен.
Најдраматично беше на двомечот меѓу бугарската Бјала и израелскиот Холон, каде патникот се решаваше по пеналите, па Бугарија ќе има свој тим во третото коло. Понатаму одат и литванската Гарлијава, српскиот Бор, двата тима од Фарски Острови – Х71 и Неистин, босанскиот тим Хаџиќи, црногорската Левалеа, грчкиот Артас, швајцарскиот Цуг, како и словачката екипа Шала.
Ангела Јанкуловска со Дунајска Стреда се избори за реми кај Салерно, 25-25, a македонската репрезентативка даде четири гола.
Ангела Костовиќ, бекот на Крајина Ќазин постигна шест гола во поразот кај холандскиот Квиек со 39-28, па босанскиот состав ќе има тешка задача за прогрес во третото коло.
ЕХФ Европски Куп, 2 коло, резултати:
Мавроматис – Гарлијава 20-40, 11-42
Бор – Криваја 38-26, 39-27
Самадреџа – Неистин 23-28, 24-25
Бриксен – Вардар 32-29, 36-25
Дуделанж – Х71 38-41, 24-40
Диферданж – Левалеа 19-30, 24-26
Хаџиќи – Истогу 30-25, 28-19
Одунпазари – Цуг 23-28, 29-31
Артас – Виљнус 43-36, 31-28
Холон – Бјала 34-32, 29-31/32-35 пен.
Слован Дусло Шала – Квинтус 35-26, 29-26
Сент Труден – Атинаикос 25-24
Салерно – Дунајска Стреда 25-25
Рума – Горење 32-27
Квиек – Крајина 39-28
Во Лигата на Европа, две екипи – шведскиот Боден и данскиот Виборг, веќе се во третото коло по двете победи на нивните ривали.
Бурса, за која игра Моника Килден Јанеска (четири гола) загуби минимално кај Наиса Ниш, 29-28, и ќе има шанса на домашен терен да се избори за третото коло.
Црвена Звезда на Јована Мицевска Митев и Елена Ѓорѓиевска (еден гол) загуби убедливо кај Корона Брашов, иако имаше реми на паузата, па ќе има тешка задача на реваншот во Белград.
Пјотрковија на Марија Гугуљанова загуби од домашниот ривалЛублин со 36-24 и практично е елиминирана.
Лига на Европа, 2 квалификациско коло, резултати:
Боден – Гуардес 30-28, 31-26
Виборг – АЕК Атина 42-24, 30-17
Валчеа – Мецинген 39-24
Бенфика – Зрињски Чаковец 31-16
Хипо – Савехоф 27-31
Молде – ПАОК 27-24
Наиса Ниш – Бурса 29-28
Сен Аман – Вац 32-30
Бјеловар – Шамбре Туре 25-37
Ница – Ларвик 28-27
Цирих – Олденбург 22-31
Корона Брашов – Црвена Звезда 32-25
Скара – Тертнес 25-29
Лублин – Пјотрковија 36-24
Ѓорче Петров – Мост 22-18
Во Лигата на шампионите, тимот на Ива Младеновска – Борусија Дортмунд ја оствари втората победа и се доближи до плеј-офот, откако славеше на гости кај Сола со 32-27, а изненадување направи норвешкиот Сторхамар со триумфот кај Оденсе.
Будуќност и Крим ги запишаа четвртите порази во четири кола, а први бодови освои Подравка по славјето кај германскиот Бломберг. Во дербито на колото, Ференцварош беше подобар од ЧСМ Букурешт, кој сега има два порази по четири меча.
Лига на шампиони, 4 коло, резултати:
група А
Ференцварош – ЧСМ Букурешт 24-23
Есбјерг – Будуќност 27-21
Сола – Борусија Дортмунд 27-32
Брест Бретањ – Крим 28-25
група Б
Бломберг – Подравка 31-33
Ѓер – Глорија Бистрица 36-32
Мец – Никобинг 36-25
Оденсе – Сторхамар 23-26

























