Тимот на Плзен, каде што игра македонскиот интернационалец Андреј Петковски, ја продолжи победничката серија во чешкиот шампионат.
Плзен славеше на гостински терен кај составот на Злин со 37-33, иако на полувремето беше нерешено, 18-18.
Петковски ја продолжи одличната форма и успеа да запре 12 удари на противничките ракометари за педесетина минути на теренот.
Плзен сега има девет бода на второто место на табелата, зад Карвина која е лидер со десет, а во следното коло Петковски и неговиот тим ќе биде домаќин на Жубри.
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲 Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet .
Со еден клик до сите вести.

























