Дами од Романија за Еурофарм Пелистер во Полска, Н’Taнзи е подготвен и за евро-деби

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во Лигата на Европа.

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер гостува кај Вибжеже Гдањск, кој во првото коло славеше на гости кај Гумерсбах во Германија.

ЕХФ ги делегираше Романките Михаела Чирута и Георгијана Мураиру за да ја делат правдата на овој меч, а делегат е Летонецот Зигмарс Сондорс.

Најновото засилување за Еурофарм Пелистер, средниот бек Саду Н’Танзи веќе е пријавен во ЕХФ и ќе може да настапи за македонскиот тим. Тој дебитираше на домашна сцена на дуелот со Бутел Скопје, а сега е подготвен и за евро деби.

Натпреварот меѓу Вибжеже Гдањск и Еурофарм Пелистер се игра утревечер во „ЕРГО Арена“ во Гдањск со почеток од 18:45 часот.