Комплетиран списокот – еве кои репрезентации ќе играат на младинското СП во Македонија

Комплетиран е списокот на репрезентации што ќе играат на Светското младинско првенство што ќе се игра во Скопје во јуни. Откако заврши и ИХФ трофејот за репрезентации со понизок рејтинг, селекцијата на Узбекистан стана последен учесник на СП во Македонија.

Покрај Македонија, од Европа на Мундијалот ќе играат уште 14 репрезентации – Чешка, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Португалија, Романија, Шведска, Швајцарија, како и Шпанија, која го освои квалификацискиот турнир.

Од Азија во Скопје ќе допатуваат пет селекции – Кина, Иран, Јапонија, Јужна Кореја и Кинески Тајпеј, од Африка ќе играат исто така пет – Алжир, Ангола, Египет, Гвинеја и Тунис.

Од австралискиот континент место на СП обезбеди Нов Зеланд, од Северна Америка и Кариби во Скопје ќе допатуваат Мексико и САД, додека од Средна и Јужна Америка – Аргентина, Бразил и Чиле.

Мундијалот за младинки е на програмата од 19 до 30 јуни.