Металург РА промовираше четворица ракометари

Тимот на Металург РА ги промовираше четирите нови засилувања за новата сезона во прволигашката конкуренција.

Станува збор за Бојан Поповски, кој доаѓа од Преспа Вардар, Петар Стојановски од Пролет, како и повратникот во екипата Џулијано Христоски од Голден Арт.

Меѓу новите имиња во Автокоманда е кружниот напаѓач Кристијан Анѓелковски, кој играше за Драчево во минатата сезона, а претходно беше дел од Вардар Јуниор и Работнички.

Металург РА претходно го промовираше и младиот стратег Мартин Бурчевски, кој ќе го води клубот во прволигашките предизвици.

Тимот од Автокоманда стартуваше со победа над Астраион во Струмица, а во второто коло на домашен терен ќе го пречека составот на Јехона.