Тимот на Ајдовшчина, каде што тренер е Раде Стојановиќ, а таму игра десниот бек Михаил Иваноски, обезбеди место во финалето на плеј-офот од прволигашката конкуренција.
Ајдовшчина по триумфот на првата средба кај Кршко, славеше и на реваншот со 37-34, а Иваноски постигна еден погодок.
Ова е 11 натпревар без пораз на Ајдовшчина откако Стојановиќ го презема во пролетниот дел од сезоната.
Во битката за елитната конкуренција, Ајдовшчина ќе се соочи со тимот на Мокерц во финалето од плеј-офот.
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
























