Со ждрепка во Виена беа одредени полуфиналните двојки за завршницата на ЕХФ Лига на шампиони за жени.
Во арената „МВМ Дом“ на 6 и 7 јуни ќе се борат четири европски великани – Ѓер како бранител на титулата, Брест Бретањ, ЧСМ Букурешт и Мец.
Ждрепката донесе исклучително интересни пресметки. Во едното полуфинале ќе се соочат Брест Бретањ и Ѓер, дуел кој потсетува на нивната пресметка од сезоната 2020/21 кога францускиот тим избори пласман во финалето.
Во второто полуфинале, Мец ќе игра против ЧСМ Букурешт, при што романскиот состав се враќа на завршниот турнир по пауза од осум години со амбиција да го повтори триумфот од 2016 година.
Полуфиналните натпревари се закажани за 6 јуни, додека ден подоцна, на 7 јуни, ќе се одиграат мечевите за третото место и големото финале. Термините се 15:00 и 18:00 часот, со напомена дека конечниот распоред на полуфиналињата дополнително ќе биде потврден.
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести

























