Матео Фадуил им порача на вардарци: Ајде да направиме арената да грми!“

Матео Фадуил е нов играч на Вардар, а францускиот среден бек уште со првата изјава покажа со какви амбиции доаѓа во Скопје. 23-годишниот ракометар пристигнува од Трембле, каде сезонава беше меѓу најдобрите играчи и еден од најефикасните во француското првенство.

Но најсилната порака ја испрати кон навивачите на „црвено-црните“.

„Здраво на сите! Навистина сум возбуден што доаѓам во овој историски ракометен клуб. Едвај чекам да се запознаам со сите неверојатни навивачи на Вардар и да му помогнам на тимот да победи на што е можно повеќе натпревари и да освои што е можно повеќе трофеи. Се гледаме наскоро – ајде да направиме арената да грми!“, изјави Фадуил.

Со овој трансфер, Вардар добива млад и квалитетен организатор на играта, а според првите зборови на Фадуил – и играч што доаѓа подготвен за големи цели.

▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести

Вардар потврди: Доаѓа четвртиот најдобар стрелец од Франција!