Кадетките ќе имаат златна шанса – добија група по мерка во квалификациите за ЕП!

Женската кадетска репрезентација ги дозна ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство 2027 што ќе се игра во Хрватска.

Македонија ќе биде дел од групата Б заедно со селекциите на Литванија, Косово и Грција, а нашата федерација ќе има право да го организира турнирот.

Избраничките на Славиша Димитријески, кои оваа сезона се уште во пионерска конкуренција, од наредната влегуват во У17 генераацијата и ќе се борат за пласман на прво големо натпреварување.

Прво и вторпласираните селекции од квалификациските групи, како и најдобрата третопласирана од четирите групи, ќе обезбедат место на ЕП.

Квалификациските турнири ќе се играат од 2 до 4 ноември годинава.

 

▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести