Битките за злато во „Јане Сандански“ – еве кога кадетите и кадетките ќе играат финале на СП!

Двата финални натпревари во женска и машка конкуренција на Светското првенство во училишен ракомет ќе се одиграат на утре во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Најпрво кадетките ќе се соочат со Хрватска од 14:00 часот, додека кадетите ќе играат два часа подоцна против Израел.

Влезот во салата „Јане Сандански“ е слободен за сите кои сакаат да ги поддржат машката и женската репрезентација на Македонија.

Во текот на денешниот ден, избраниците на Горан Кузманоски во полуфиналето ја елиминираа Србија по триумфот со 30-19, додека избраничките на Даниела Новеска беа подобри од Турција со 30-22.