Македонскиот репрезентативец Марко Митев беше успешно опериран по тешката повреда што ја доживеа на мечот од квалификациите за ЕП 2026 против Словенија.
Тој ги скина лигаментите на десното колено на дуелот во Копер одигран во март, па мораше проблемот да се реши со оперативен зафат кој помина успешно.
Сега следува процес на рехабилитација и подолга пауза, но Митев би требало да му се врати на ракометот на стартот од следната сезона.
Тимот од Автокоманда ќе мора без неговите услуги да ги доигра натпреварите од разигрувањето за титулата во домашното првенство, како и оние од полуфиналето на Европскиот Куп.