Македонско славје среде Грција

Македонските интернационалки Симона Василева и Теодора Стаменкова изминатиот викенд прославија трофеј во соседна Грција.

Тие со тимот на Атинаикос го освоија првото место во второлигашката конкуренција во Грција без ниту еден пораз и обезбедија промоција во елитата.

Василева и Стаменкова на полусезоната го засилија грчкиот состав и се промовираа меѓу најдобрите ракометарки.

Во наредната сезона Атинаикос за кој игра и прославената руска репрезентативка Екатерина Веткова, ќе игра во елитната конкуренција со ПАОК Солун, Јонијас, АЕК Атина, Панорама…