Танески избра 18 младинци – Македонија на двомеч со Србија

Селекторот на машката младинска репрезентација, Наум Танески, го објави списокот на националниот тим за претстојниот собир во ЕХФ неделата и пријателски средби со Србија.

Танески смета на 18 ракометари, меѓу кои има дури петмина ракометари од кадетската репрезентација кои освоија злато на СП во училишен ракомет.

Младинците ќе се соберат на 11 мај од 11:00 часот во салата „Антон Димитров“, а пријателските средби со Србија се играат на 15 и 16 мај.

Овие два меча се дел од подготовките за Европското првенство во Романија, каде Македонија ќе се соочи со Данска, Норвешка и Хрватска.