Лесјак ги „сруши“ Норвежаните, Данска и Шведска како првопласирани во следната фаза!

Последните три натпревари од вечерната програма, по кој беше ставен крај на групната фаза во групите Д, Е и Ф го добија својот финален изглед. Данска и Шведска славеа во дуелите против Португалија и Холандија и со максимален број бодoви се пласираа во следната фаза каде ќе пренесат два бода. Словенија благодарение на Урбан Лесјак ја кутна Норвешка, и во следната фаза патува како првопласирана.

Словенија-Норвешка  28:27   (17:17)

Брзо и динамично прво полувреме одиграа овие две репрезентации, во кое Норвежаните на двапати имаа водство од три голови, но упорната Словенија постепено успеа да ја стопи нивната предност. Најрасположениот во словенечкиот состав Алекс Влах најпрво израмни на 14:14 во 25.минута, а истиот ракометар со удар од седум метри ги постави конечните 17:17 на полувреме.

Dean BOMBAC, Petter ØVERBY and Sander SAGOSEN, Norway vs Slovenia, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Berlin, Germany, 15.01.2024, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Второто полувреме продолжи во израмнет ритам и ниедна од двете репрезентации не успеа да оствари поголема предност. Норвежаните преку Оверби и Грондал поведоа со 20:18, а оваа предност ја одржуваа до 42.минута кога Словенците со головите на Цехте, Влах и Бомбач го превзедоа водството 23:24. Израмни Грондал со удар од седум метри, па во последните десетина минути се влезе со израмнет резултат. Во овој период чуда на голот на Словенија правеше Урбан Лесјак кој со 9 одбрани и даде можност на својата репрезентација да дојде до важна победа. Словенците имаа напад за водство во последната минута, кој го реализираше Влах за 27:28. Последниот напад го имаше Норвешка, но ударот на Сагосен заврши  во блокот, за голема победа на Словенија од 27:28.

Словенија по овој триумф, како првопласирана продолжува во следната фаза.

Шведска-Холандија  29:28  (15:15)

Холандија подобро го отвори натпреварот и преку расположените Стеинс и Бајенс уште во првата фаза на мечот направи позитива од три голови. Холанѓаните оваа предност успеваа да ја задржат до 20.минута кога погоди Стеинс за резултат 9:10. Следуваа минути на актуелниот Европски првак кој најпрво преку Ване го израмни резултатот,  а Клер веќе во следниот напад го донесе првото водство за Шведска 11:10. Последните десетина минути Шведска одржуваше минимална предност, а Тен Велде со својот трет погодок ги постави конечните 15:15 по триесет минути игра.

 

Luc STEINS, Sweden vs Netherlands, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Mannheim, Germany, 15.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Шведска на почетокот на вториот дел успеа да создаде разлика од три голови кои ги одржуваше во најголемиот дел. Сепак упорните Холанѓани не се предаваа и преку Стеинс и Вејстејнен повторно успеаа да го вратат натпреварот во егал 25:25 во 50.минута, а Класенс донесе и водство за лалињата 26:27.Сепак во последните минути од натпреварот поприсебни беа ракометарите на Шведска кои со головите на Ване и Клер поведоа со 28:27, што се покажа како конечен резултат на натпреварот.

Швеѓаните го запишаа и третиот триумф, по кој од првата позиција се пласираат во следната фаза каде ќе пренесат два бода.

Данска-Португалија  37:27  (17:15)

Данска доста фуриозно го започна натпреварот, а расположените Хансен и Питлик многу рано и донесоа опиплива предност на својата репрезентација 8:4 (10.минута). Скандинавците играа добро и во продолжението, во 20.минута преку Гитсел поведоа и со највисоки 15:10, но тука малку како да подзастанаа. Португалија го искористи тоа и во последните десетина минути успеа да направи серија од 5-1, и со голот на Дурте намали на 16:15. Последниот гол во првиот дел беше дело на Линдберг со кој ги постави конечните 17:15.

Mathias GIDSEL, Denmark vs Portugal, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Munich, Germany, 15.01.2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Данците со серија од 6-2 го стартуваа второто полувреме и во 40.минута имаа водство 23:17. За разлика од првиот дел, скандинавците не ја направија истата грешка не дозволувајќи му на противникот да се врати во игра. Триото Гидсел, Хансен и Питлик го полнеше Португалскиот гол, за конечни  37:27.     .

Ова беше трет триумф за Данска по кој скандинавската репрезентација од првата позиција и со два бода патува во следната фаза.