Лазаров: Во овој момент Германците се класа над нас!

Машката репрезентација на Македонија го одигра вториот натпревар на Европското првенство во Германија и загуби од домаќинот со 34-25.

По вториот пораз на континенталниот собир свое видување имаше и селекторот Кире Лазаров, кој смета дека во овој момент не е реално да се бара победа над велесила како Германија.

Не сум задоволен од одиграното. Имавме многу технички грешки по кои не казнуваа. Ние се обидовме да играме, да бидеме компетитивни со нив, но во овој момент Германците се класа над нас. Треба да се работи многу ако сакаме да парираме на вакви репрезентации. Не е реално во овој момент да очекуваме победа над Германија. Ќе се обидеме во последниот натпревар против Швајцарија да се претставиме во најдобро светло, ако против некој имаме шанса тоа е против нив, но нема да биде многу лесно.

Репрезентацијата на Швајцарија во второто коло одигра нерешено со Франција, иако имаше напад за победа.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија ќе се одигра на 16 јануари во „Мерцедес Арена“ во Берлин со почеток од 18:00 часот.

Втор пораз на ЕП: Домаќинот Германија пресилен за Македонија