Машката репрезентација се наоѓа пред стартот на квалификациите за ЕП 2026 и дуелите со Естонија и Литванија.
Селекторот Кире Лазаров вели дека не бегаме од фаворитската улога на овие два меча, но и дека мора да бидеме вниманителни.
„Искуството на играч и тренер ми кажува дека секогаш треба да бидеме внимателни. Имаме доста материјали од двете селекции. Ќе видиме како ќе се однесуваат нашите ривали, имаме доста информации. Секогаш е тешко да е пробие ледот, не бегаме од фаворитската улога, но во Литванија ќе биде многу потешко бидејќи се работи за ривал со традиција“, изјави Лазаров.
Македонија го стартува новиот циклус квалификации со натпревар против Естонија на 6 ноември во Скопје, додека вториот меч е во Виљнус на 10 ноември против Литванија.
Лазаров прозиваше – направи една принудна промена и повика нов играч