„Витамините“ од Автокоманда славеа нова победа во прволигашката конкуренција и се наоѓаат на чекор до камбек во елитата.
Предводени од младинскиот репрезентативец Јулијан Матески, кој даде десет погодоци, домаќините не дозволија изненадување против Текстилец и славеа со 47-36.
Домашните сега имаат 42 бодови на првото место, додека Младост Богданци е втор со 39 бода, но и меч помалку.
На паузата „витамините“ водеа со 25-14, а второто полувреме беше само формално одработување на задачата.
Покрај Матески, најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ѓокески и Џигероски со по седум погодоци, а кај Текстилец се истакна Атанасовски со десет гола.

























