Шок за бранителот на трофејот во ЛЕ: Хановер си замина со реми од Фленсбург

Фленсбург и Хановер одиграа вистински ракометен трилер без победник (39-39) во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа, оставајќи го прашањето за патникот на Ф4 целосно отворено.

Дуелот донесе спектакл за публиката, со неизвесност до последните секунди. Резултатот беше израмнет и во самиот финиш (38-38), кога Даниел Вебер донесе предност за гостите, но домаќините возвратија преку Емил Јакобсен, кој погоди за конечни 39-39.

Во центарот на вниманието беа тројца скандинавски ракометари. Аугуст Педерсен одигра перфектен натпревар со 11 голови од исто толку обиди за Хановер, додека кај Фленсбург се истакнаа Симон Питлик и Емил Јакобсен со по осум погодоци.

Иако резултатот беше висок, и голманите имаа свој удел, Јоел Бирлем запиша 13 интервенции, а Кевин Мелер 11 одбрани.

Реваншот ќе се одигра следната недела, кога Хановер ќе биде домаќин и ќе има можност за историски успех. Фленсбург, кој е двократен актуелен освојувач на натпреварувањето, ќе мора да одигра на највисоко ниво ако сака да ја продолжи европската приказна.