ЅВЕЗДА НА 21. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – АНДРЕА ИЛИЌ (ВАРДАР)

Голманката на екипата на Вардар, Андреа Илиќ, го доби признанието за најкорисна ракометарка, односно ѕвезда на 21. коло во Супер женската лига.

Таа имаше одлична партија на мечот против Астибо и беше меѓу клучните ракометарки за победата, откако запиша дури 17 одбрани.

Илиќ го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 80% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Во конкуренција за ѕвезда на 21. коло беа уште и членките на Куманово и Ѓорче Петров, Ангела Шехтанска и Стефанија Ѓорѓиевска.