Ракометарките на Чаир прославија триумф кај Вардар со 30-24 и ја продолжуваат трката за шампионската титула во Супер женската лига.
Чаир сега има 40 бодови на второто место, зад Ѓорче Петров кој има 41 бод на лидерската позиција, но и меч помалку.
Домаќинките пружија отпор во првото полувреме, на моменти ја имаа и предноста, но на паузата беше 16-13 за Чаир.
Поискусниот ривал клучната залиха ја направи кон средината на вториот дел, кога по 23-20, се одлепи на плус шест и до крајот ја задржа предноста.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мила Трајковиќ со осум и Габриела Величковска со седум погодоци, додека кај Вардар по пет пати погодија Леона Миленкоска и Таида Беровиќ.

























