Денеска на македонските терени ќе бидат одиграни пет натпревари во сите конкуренции кај мажите и жените.
Во суперлигашкиот плеј-аут, битолчани гостуваат кај Радовиш, додека Пролет оди кај Струга, која ќе мора во бараж за опстанок.
Кај дамите, во Супер лигата, Вардар ќе го пречека Чаир, додека има уште две средби и во машката прволигашка конкуренција.
Штипски Текстилец гостува во Автокоманда, а во Свети Николе, тимот на Овче Поле ќе го пречека составот на Преспа.
На меѓународна сцена, во четвртфиналето на Лигата на шампионите, унгарскиот Веспрем ќе има голем предизвик и дуел со Фуксе Берлин, додека Барселона му гостува на францускиот Нант.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 МУЛТИ ЕСЕНС – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ВАРДАР – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
18:30 СТРУГА – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – ПРЕСПА (МАКЕДОНИЈА)
18:45 ВЕСПРЕМ – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 НАНТ – БАРСЕЛОНА (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)


























