Моралес: Верувам дека имаме големи шанси за финале

Ракометарите на Охрид ги очекува еден од најважните натпревари оваа сезона – оној со Целје од полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.

Шпанскиот интернационалец Ориол Реј Моралес, вели дека очекува сличен натпревар како првиот во Целје.

„Очекуваме тежок натпревар, може ќе биде сличен како последниот натпревар кај нив. Имавме долг период во кој не се адаптиравме во нивниот систем, ама мислам дека ако научиме од грешките, ќе бидеме подобри. Салата ќе биде полна што ќе помогне да бидеме подобри. Верувам дека имаме големи шанси“, изјави Моралес.

Натпреварот меѓу Охрид и Целје се игра в сабота, на 2 мај во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот.