„Лавиците“ од Ѓорче осамени на врвот, голема борба за второто место

Со натпреварот меѓу Чаир и Вардар беше комплетирано 14. коло во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.

Според очекувањата, стартот на пролетниот дел од сезоната во Женската лига мина без изненадувања, само дуелот меѓу Овче Поле СУ и Шампион заврши без победник.

Лидерот Ѓорче Петров и понатаму останува неприкосновен, има 100% учинок, односно 14 од 14. Ѓорчепетровки имаат 42 бодови на табелата и доколку продолжат со исто темпо, тогаш ќе бидат многу блиску до одбрана на титулата.

Избраничките на Симе Симовски во второто коло ќе играат против Стружанка и овој дуел ќе биде загревање за „лавиците“ кои во третото коло ќе се соочат со незгодниот тим на Металург Автокоманда.

Чаир со победата над Вардар го задржа второто место на табелата, моментално на свое конто има 36 бодови, еден бод помалку има Металург Автокоманда, додека вицепрвакот Куманово се наоѓа на 4. позиција.

На петтото место е позициониран Вардар, потоа следуваат Стружанка, Скопје, Деспина, Пелистер…

Гевгелија е единствената екипа која во досегашниот тек од сезоната не успеа да освои бод на 14 одиграни натпревари.

Женска лига, 14. коло, резултати:

Чаир – Вардар 33:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Стружанка 18:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Металург Автокоманда 22:45 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Пелистер 46:12 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле СУ – Шампион 28:28 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Гевгелија 32:16 (ИЗВЕШТАЈ)
Скопје – Астибо 37:22 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2310223