Бисинов го води орото во прволигшакиот плеј-оф, голема борба за второто место

Со натпреварот меѓу Радовиш и Македонија ЃП беше комплетирано 4. коло во прволигашкиот плеј-оф.

По одиграните четири кола, лидер на табелата е амбициозниот тим на Бисинов, кој игра одлично и во вториот дел од сезоната.

Велешкиот тим е единствениот со 100% учинок, има четири од четири во досегашниот тек од плеј-оф фазат.

Избраниците на Никола Бисинов доколку продолжат во ист ритам до крајот од тековната сезона, тогаш нема да имаат проблеми да ја остварат зацртаната цел.

На второто место се наоѓа Младост од Богданци со 12 бодови, третопласиран засега е Металург РА со десет бодови, потоа следуваат Драчево и Радовиш, кои имаат по осум бодови.

Во долниот дел на табелата, односно од 6 до 8 место се позиционирани Јехона од Гостивар, Македонија ЃП и Шампион.

Прва лига, 4. коло, резултати:

РАДОВИШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 30-26 (ИЗВЕШТАЈ)
МЛАДОСТ – ЈЕХОНА 34-29 (ИЗВЕШТАЈ)
ДРАЧЕВО – БИСИНОВ 30-36 (ИЗВЕШТАЈ)
МЕТАЛУРГ РА – ШАМПИОН 29-27 (ИЗВЕШТАЈ)

Табела

  1. Бисинов 15
  2. Младост 12
  3. Металург РА 10
  4. Драчево 8
  5. Радовиш 8
  6. Јехона 4
  7. Македонија ЃП 3
  8. Шампион 0