Прилеп останува лидер во плеј-аутот, голема борба за второто место

Викендов беше одиграно 4 коло во суперлигашкиот плеј-аут, во кој моментално лидер е екипата на Прилеп. Избраниците на Божидар Мојсов по службената победа над Аеродром сега на свое конто имаат 14 бодови и имаат плус четири бодови повеќе од нивниот директен, но и следен ривал, тимот на Куманово, кој влезе во победничка серија.

Избраниците на Љубиша Димковски на гостувањето кај Голден Арт успеаја да ги освојат бодовите и да заминат победнички. За Куманово триумфот против скопскиот тим беше од голема важност, бидејќи со евентуален пораз ќе се оддалечеше од борба за првите две позиции на табелата.

Во победничка серија влезе и Вардар Неготино, откако славеше против незгодната екипа на Скопје. Неготинци во првото коло од плеј-аут фазата беа поразени од Куманово, потоа следуваа триумфите над Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2, како и оној саботниот против Скопје.

Вардар Неготино засега е третопласиран со седум бодови, толку има и вториот тим на Еурофарм Пелистер, но ракометарите на Игор Котевски поради победата над битолчани се подобро позиционирани.

Дебитантот Мулти Есенс на свој терен го совлада Еурофарм Пелистер 2 и се вклучи во борба за горниот дел на табелата. До крајот на сезоната има уште многу натпревари, па така секој освоен бод за овие две екипи ќе значи многу за опстанок во суперлигашката конкуренција.

На 9/10 март ќе биде одиграно новото, 5. коло, потоа ќе следува пауза во суперлигашката конкуренција поради ЕХФ неделата. По паузата, со натпревари ќе се продолжи на 30/31 март, по што ќе имаме пореална слика за состојбата во суперлигашкиот плеј-аут.

Резултати, плеј-аут, 4. коло:

Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 32:28 (ИЗВЕШТАЈ)
Скопје – Вардар Неготино 27:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Голден Арт – Куманово 24:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Прилеп слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП861121
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2860221
3МРК КУМАНОВО861120
4ВАРДАР НЕГОТИНО850315
5МУЛТИЕСЕНС841314
6ГОЛДЕН АРТ821510
7СКОПЈЕ 202092076
8АЕРОДРОМ90092

Распоред, плеј-аут, 5. коло:

Куманово – Прилеп
Еурофарм Пелистер 2 – Скопје
Вардар Неготино – Голден Арт
Мулти Есенс слоб.