Костов броеше до 13, Куманово тргна победнички во борбата за опстанок

Екипите на Куманово и Вардар Неготино го комплетираа првото коло од плеј-оф/аут фазата во суперлигашката конкуренција, откако денес ги одмерија силите, а на победа се радуваше Куманово, кој предводен од новите засилувања – Стевовиќ, Костов, Радичевиќ…целосно ги надигра гостите од Неготино, триумфираше со 29:23 за победнички старт во борбата за опстанок.

Голема заслуга за победата имаше и Стефан Кимевски. Искусниот голман бранеше кога најмногу требаше и денешниот дуел го заврши со 14 интервенции. Во последниот дел шанса да ги покаже своите голмански способности имаше младиот голман на домаќините Христијан Михајловски.

Гостинските ракометари имаа резултатска предност само во воведниот дел, водеа со 1:0 и 2:1, потоа работите започнаа да се движат во посакуваната насока на домашниот табор, па така составот на Љубиша Димковски чекор по чекор ја градеше предноста во првото полувреме и направи добра залиха за вториот дел.

Избраниците на Димковски од 10 минута, па до крајот на првиот дел имаа целосна контрола на резултатот. Иако Вардар Неготино го имаше расположениот Мицев, сепак, гостинот во последните десет минути од првото полувреме целосно потфрли и дозволи домаќинот осетно да ја зголеми предноста.

Откако гостите намалија на 7:5, домаќините го засилија ритамот и почнаа да водат со пет-шест гола разлика. Во таборот на Вардар Неготино немаше расположени ракометари за игра, на моменти реализираа Митиќ и Адамовиќ, но тоа не беше доволно за да се носат со амбициозниот домашен тим. По 30 минути игра, резултатот беше 13:7 во корист за домаќините.

Веќе сите дилеми беа решени на почетокот на второто полувреме кога Куманово во 38 минута дојде до дотогаш највисоките плус седум, 17:10. Домаќините до крајот не ја испуштаа предноста, ги држеа конците во свои раце, на моменти имаа осилации во играта, гостите ја преполовија негативата, но до крајот немаше никаква неизвесност.

Најефикасен во победничката екипа беше Наум Костов со 13 погодоци, по четири реализации имаа Михајло Стевовиќ и Алекса Радичевиќ. Кај Вардар Неготино први стрелци беа Лазар Адамовиќ со девет и Андреј Митиќ со осум погодоци.

Тимот на Куманово во второто коло од плеј-аут фазата ќе се соочи со Еурофарм Пелистер 2, додека Вардар Неготино му гостува на Мулти Есенс во Автокоманда.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142