Романтично запросување покрај плажа – ќе се жени Марко Богдановски!

По славјето за двојната круна во Македонија со тимот на Вардар, голманот Марко Богдановски ќе има уште една причина за прослава.

Тој и приреди романтично запросување на неговата девојка Сара Крстевска покрај плажа, кое сигурно ќе памети засекогаш.

Богдановски доби потврден одговор и младите ги добија првите честитки од најблиските кои беа со нив.

Чуварот на мрежата го сподели среќниот момент на социјалните мрежи, па и таму честитките веднаш почнаа да пристигнуваат.

Некогашниот голман на Јуниор КВ, Металург и Аеродром, ова лето го напушти Вардар и ќе има нов предизвик во кариерата.