Квартет ракометарки ја продолжија верноста кон Овче Поле СУ

Четири ракометарки на кои им истекоа договорите со крајот на сезоната, ја продолжија верноста кон тимот на Овче Поле СУ.

Јована Ангеловска, Ивана Станчева, Јована Конева и Викторија Димчева останаа верни на тимот од Свети Николе кој за малку не успеа да обезбеди суперлигашки бараж.

Со продолжувањето на соработката со квартетот ракометрки клубот го задржа целиот состав од предходната сезона.

Тимот од Свети Николе е во преговори со уште неколку ракометарки кои треба да се приклучат на екипата во текот на месецот за да се зголеми ростерот и квалитетот во битките што ги очекуваат од септември.