Цвијиќ откри: Сакам да бидам тренер

Драгана Цвијиќ веќе сериозно размислува за следната фаза од својата кариера, а нејзината желба е јасна – по завршувањето на играчките денови сака да стане тренер. Српската репрезентативка отворено зборува за плановите за иднината и нагласува дека веќе работи во таа насока.

„Дефинитивно ќе бидам тренер. Веќе работам на тоа, дипломирав за тренер, имам намера да запишам и мастер студии. Имам големи планови и сакам да се едуцирам, да учам од нашите стручњаци“, изјави Цвијиќ за Журнал.

Една од најдобрите српски ракометарки посочува дека се повеќе се пронаоѓа во тренерската работа и внимателно ги следи тренерите, нивното однесување, енергија и реакциите за време на натпреварите и тренинзите. Токму тоа, според неа, уште повеќе ја зацврстило во намерата еден ден и самата да седне на клупата.

„Се повеќе се фаќам како ги гледам тренерите, нивното однесување, енергијата, реакциите и, што е најважно, се повеќе се пронаоѓам во таа работа. Имам неопислива желба да бидам тренер“, додаде Цвијиќ.

Цвијиќ зад себе има богата и трофејна кариера, настапувајќи за неколку големи европски клубови, меѓу кои Будуќност, Вардар, ЧСМ Букурешт, Крим и Ференцварош. Долго време важи за една од најдоминантните пикери на европската сцена, а нејзиното име е цврсто врзано и со голем број успеси на клупско и репрезентативно ниво.

▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.