Кои ракометарки ја одбележаа минатата сезона во Женската лига – еве ги сите ЅВЕЗДИ на колото

24Ракомет го избра Идеалниот тим на сезоната во Женската лига, а цела сезона ги избираше и најдобрите ракометарки секое коло. Покрај идеалната седморка, како и најдобриот тренер, дефанзивец и млада ракометарка, имаше и други ракометарки кои ја одбележаа сезоната.

Во сезоната што заврши пред еден месец во Женската лига беа одиграни вкупно 26 кола, 13 во есенскиот дел од сезоната и 13 во пролетниот дел, а 21 ракометарка беа избрани за ЅВЕЗДИ на колото.

Металург Автокоманда е лидер во признанијата за „Ѕвезда на колото“ и ги има вкупно шест. Ракометарки од Чаир пет пати биле прогласени за ЅВЕЗДИ, вардарки четири пати имале такво признание, додека од Куманово три пати доаѓала ЅВЕЗДАТА на колото. По две признанија имаат Ѓорче Петров, Астибо и Скопје, а по едно Пелистер и Стружанка.

По две признанија „Ѕвезда на колото“ имаат Теодора Дукоска (Чаир), Марија Анчева (Астибо), Симона Грујовска (Куманово), Ивона Трпевска (Вардар) и Андреа Илиќ (Вардар).

По едно такво признание од читателите на 24Ракомет имаат Емилијана Ризоска и Матеа Чурлиновска (Ѓорче Петров), Бојана Диневска, Ангела Костовиќ и Магдалена Којовиќ (Чаир), Адела Еленин (Куманово), Марија Голабоска (Стружанка), Нина Неделковска и Јана Равојска (Скопје), Исидора Котевска, Сара Миновска, Мила Трајковиќ, Таида Беровиќ, Теодора Гулицоска и Марија Гугуљанова (Металург Автокоманда) и Моника Босилковска (Пелистер).

ЅВЕЗДА НА КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА

1.КОЛО: Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров)

2.КОЛО: Теодора Дукоска (Чаир)

3.КОЛО: Марија Анчева (Астибо)

4.КОЛО: Адела Еленин (Куманово)

5.КОЛО: Марија Голабоска (Стружанка)

6.КОЛО: Нина Неделковска (Скопје)

7.КОЛО: Симона Грујовска (Куманово)

8.КОЛО: Мила Трајковиќ (Металург Автокоманда)

9.КОЛО: Симона Грујовска (Куманово)

10.КОЛО: Марија Анчева (Астибо)

11.КОЛО: Ивона Трпевска (Вардар)

12.КОЛО: Марија Гугуљанова (Металург Автокоманда)

13.КОЛО: Матеа Чурлиновска (Ѓорче Петров)

14.КОЛО: Теодора Дукоска (Чаир)

15.КОЛО: Теодора Гулицоска (Металург Автокоманда)

16.КОЛО: Бојана Диневска (Чаир)

17.КОЛО: Јана Равојска (Скопје)

18.КОЛО: Ангела Костовиќ (Чаир)

19.КОЛО: Таида Беровиќ (Металург Автокоманда)

20.КОЛО: Андреа Илиќ (Вардар)

21.КОЛО: Магдалена Којовиќ (Чаир)

22.КОЛО: Исидора Котевска (Металург Автокоманда)

23.КОЛО: Андреа Илиќ (Вардар)

24.КОЛО: Ивона Трпевска (Вардар)

25.КОЛО: Сара Миновска (Металург Автокоманда)

26.КОЛО: Моника Босилковска (Пелистер)

Избран е ALL – STAR тимот на Женската лига за сезоната 2023/2024