Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите.
Ракометарите на Вардар по поразот кај Мелсунген, на домашен терен ќе го пречекаат францускиот Нант, кој славеше во првата пресметка со Висла Плоцк.
ЕХФ делегираше судии од Унгарија за овој натпревар, а станува збор за Петер Хорват и Балаж Мартон, додека делегат ќе биде Словенецот Јанко Пожежник.
Натпреварот меѓу Вардар и Нант се игра в среда во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:45 часот.
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet . Со еден клик до сите вести.


























