ЅВЕЗДА НА 3 КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – МАРИЈА АНЧЕВА (АСТИБО)

Ракометарката на Астибо, Марија Анчева, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 3. коло од единственото женско сениорско атпреварување во Македонија.

Анчева, која во минатата сезона беше најдобар стрелец во лигата, продолжи во исто темпо и во оваа сезона.

Искусната ракометарка со дури 19 погодоци го предводеше нејзиниот тим до победа над Гевгелија од десет гола разлика, 34:24.

Анчева немаше голема конкуренција во гласањето, бидејќи освои околу 60% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Второпласирана беше членката на Ѓорче Петров, Ана Марија Коларовска со околу 33%. Во конкуренција за ѕвезда на третото коло беше и голманката на вицепрвакот Куманово, Марија Јовановска.