Пролет со убедлив старт во Првата лига

Ракометарите на Пролет имаа победнички старт на сезоната во прволигашката конкуренција, откако славеа над Шампион со 41-20.

Довчерашниот суперлигаш, кој поради финансиски проблеми, оваа сезона реши да ја мине ранг подолу, без проблеми го надигра првиот ривал.

Комбинацијата на млади ракометари од школата со неколкумина поискусни, беше доволна за убедлив старт, а на теренот диригираа Јован Соколоски, кој даде осум гола и Стефан Костенчев кој стрелаше седум пати.

Во составот на Шампион се истакна Филип Спирковски со шест погодоци. Во следното коло Шампион ќе игра против Сокол Саса на домашен терен, а Пролет ќе му гостува на Вардар Неготино.