ЅВЕЗДА НА 12. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – МАРИЈА ГУГУЉАНОВА (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Членката на Металург Автокоманда, Марија Гугуљанова, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 12. коло во единственото женско сениорско натпреварување.

За десното крило на новакот во Женската лига ова е прво признание во новата натпреварувачка сезона.

Гугуљанова во дуелот против Стружанка постигна дури 14 погодоци и подели неколку асистенции кон своите колешки.

24-годишната ракометарка на анкетата го освои првото место, доби околу 50% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Сузана Зечевиќ од Куманово со 35%.

Во конкуренција за ѕвезда на 12. коло беше и ракометарката од Чаир, Стефанија Ѓорѓиевска.