Охрид составува силен тим за вториот дел од сезоната. Како што наjaви 24Ракомет, најново засилување за четата на Стевче Алушовски ќе биде хрватскиот интернационалец, Никола Јукиќ.
Јукиќ игра на позицијата десен бек, висок е 195 цм, а во својата кариера настапувал во хрвасткиот тим Каштела, германски Минден, клубови од Франција, Грција и Саудиска Арабија.
Мило ми е што доаѓам во Охрид, клуб кој расте и кој во Македонија има големи амбиции. Македонија е ракометна земја, а многу убави работи слушнав за ГРК Охрид и градот уште кога настапував во Бундеслигата и верувам дека мојот престој тука ќе биде успешен. Фокусиран сум на целите на клубот и верувам дека на крај сите ќе имаме причини за задоволство. Слушнав многу добри работи и за тренерот Аушовски, кој е легенда на македонскиот ракомет, така што сигурен сум дека соработката ќе биде вистинска-изјави Јукиќ.
Јукиќ зад своето име има и три настапи за хрватската репрезентација, а со Охрид потпиша договор на година и пол.